Познат српски доктор предупредува: Грешиме кога пиеме вода

 

Проблемите како последица од потешката исхрана за време на празниците се многу чести. Но дали знаете постои голема веројатност да грешите и кога пиете вода, поради што имате проблеми со варењето и вишокот килограми?

Па како да го одбегнеме прејадувањето и да им одолееме на сите специјалитети за да не го преоптовариме стомакот?

„Храната му треба на човекот за егзистенција, но празниците значат богата трпеза, тоа е повод за уживање со семејството и со пријателите. Но мора да внимаваме на мерката, тоа е основата на сѐ. Овие три работи се клучни: пијалаците, изборот и количината на намирниците“, вели познат гастроентеролог и додава:

„Мора да бидеме внимателни во изборот. Пијте еден до два пијалака, алкохолот го зголемува апетитот и има калориска вредност, а тоа значи дека ќе јадеме повеќе. Аперитивот треба да биде исклучиво еден за жените, дури и помалку од еден цел, а треба да се пие што повеќе вода.“

Како што вели, правилно е да се испие вода пред оброкот.

„Желудникот тогаш се полни малку и апетитот е помал, така е најздраво да се пие вода. Треба да се внесат шест до осум чаши вода дневно, а најдобро е пред оброк. Течноста го исполнува желудникот, па затоа прво се јаде супа кога оброкот е поголем, за да го олесни варењето“, открива тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.05.2021 - 16:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега