Позната пејачка ја отвори душата: Сопругот ме дрогираше, ја забремени дадилката и не ми дозволи да го видам татко ми
Поранешната членка на групата „Спајс грлс“, Мел Би, ја отвори душата пред камера и откри детали од десетгодишниот брак со сопругот Стивен Белафонте.
Мел Би и Стивен со години кажуваа дека имаат интимна врска со дадилката која го чувала нивното дете и која ја сметале за многу близок член на семејството.
Меѓутоа, во еден момент пејачката реши се да каже јавно, бидејќи младата Германка забременила со нејзиниот сопруг. Рекла и дека Стивен наводно и платил на Лорен 240.000 фунти за да абортира, да ја негира аферата и да рече дека забременила со друг маж.
-Во десетте години брак ме дрогираше, ме малтретираше, ме тераше да шмркам кокаин, а потоа ги снимаше нашите интимни односи. Ја завел дадилката и платил за нејзиниот абортус. Сакам да се заштитам себе си и моите деца од него, затоа барам забрана за приближување. Ме уништи финансиски за да ја одржи илузијата на гламурот. Не ми ги даваше картичките, а немав ни пари да го посетам татко ми што умира, изјави Мел Би за британските медиуми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа