Познататa турска актерка се огласи откако се појавија сомнежи дека исчезнала во земјотресот
Турската актерка Џансу Дере конечно се огласи откако нејзините обожаватели се посомневаа дека исчезнала во страшниот земјотрес што ја погоди земјата пред повеќе од еден месец.
Иако претходно се појави видео од нејзиното помагање на жртвите по земјотресот, многумина сепак беа загрижени бидејќи таа не објавувала ништо на социјалните мрежи.
Актерката за Си-Ен-Ен Турк изјави дека некое време не била во јавност бидејќи ја скршила петата и се опоравувала дома.
-Не ми беше намера никого да загрижувам. Не сум некој што многу ги користи социјалните мрежи. Инстаграм ми служи како албум во кој ги споделувам моите среќни моменти, рекла таа.
Инаку, нашата јавност ја препознава Џансу по улогата во серијата „Езел“. Таа глумеше и во сериите „Сулејман Величествениот“, „Сила“, „Неверство“ итн.
Беше Мис на Турција во 2000 година, но турската влада и забрани да оди на финалниот натпревар, бидејќи се одржуваше на Кипар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа