Познатиот готвач наплатува „безобразно“ високи цени: Две јајца, колбас и сланина чини 1300 денари
Гордон Ремзи, позниот готвач и телевизиска sвезда, во септември го збогати менито во неговиот луксузен ресторан во Лондон со „класичен англиски појадок“.
Сепак, повеќето гости беа разочарани од овој традиционален специјалитет – тие беа непријатно изненадени од недостатокот на одредена храна, големината на порцијата, но и цената! Имено, овој обичен појадок чини дури 19 фунти (околу 1.300 денари).
За тие пари, ќе изедете две јајца, една колбасица, малку сланина, ролат домат на скара, печурки и мал сос направен од печен грав. Сега тој конечно реши да зборува за овој оброк што чини како „суво злато“.
– Цврсто стојам зад него. Се колнам во него. Лесно би го избрал за последниот оброк. Ова е вистински англиски појадок збогатен со печен грав – истакна славниот готвач.
Тој додаде дека тие се оние кои го критикуваат појадокот, а не избра зборови за луѓето на кои им пречи цената.
– Знаете што? Ако сте загрижени за цената, тогаш не можете да си дозволите појадок – додаде тој.
Ремзи не се двоумеше да одговори на оние што му испратија фотографии од англиски појадок од други ресторани – далеку побогати и поевтини. Тој едноставно одговори: – Јас го нарекувам
The most amazing Full English.... can’t wait for you to try it from 21st September at Savoy Grill ! @GordonRamsayGRR pic.twitter.com/zmJ4OFwa64
— Gordon Ramsay (@GordonRamsay) September 13, 2020
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа