Познатиот кардиолог, д-р Лео Бокерија тврди: „Појадокот е зло, задолжително прескокнете го“
Познатиот руски кардиохирург, професор и академик на Руската академија на науки, Лео Бокерија, ја побил идејата за традиционална диета. Според него, сè што сме знаеле за здравата исхрана е лага.
„Онаа изрека ‘Појадокот изедете го сами’ – е потполна бесмислица. Кога ќе се разбудите, телото почнува да се привикнува на работната состојба, а вие седнувате на маса и јадете чинија полна со месо, корпа леб и сето тоа го залевате со чаша од некоја напивка. Тргнувате на работа со преполн стомак. Тогаш сте си тешки и самите на себе.
Кога соработувавме со Американците, тогаш забележав дека големите хирурзи наутро во најдобар случај пијат шолја кафе. Дури напладне јадат еден сендвич и тоа го нарекуваат ручек. Во вечерните часови си доаѓаат дома, јадат нормална храна, пливаат во базен, читаат и одмораат…
Значи, појадокот дајте му го на непријателот, ручајте околу пладне и нормално вечерајте (но не во доцните часови) и на крај, прошетајте пред спиење или вежбајте.
Од мое искуство, луѓето кои живеат така – живеат долго и здраво!“
Овој совет на познатиот руски доктор го потврдиле и најновите истражувања спроведени на Универзитетот Корнел. Научникот Дејвид Левитски открил дека луѓето кои го прескокнуваат појадокот, за неколку недели значително ја намалуваат тежината. Оваа теорија ја потврдил и еден експеримент, чија цел било да се одреди количината на храна што човекот ја внесува во организмот во текот на денот.
Половина од учесниците појадувала, а другата група одбивала појадок. Групата која го прескокнувала појадокот дневно внесувала во организмот 408 калории помалку за разлика од групата која редовно појадувала.
Според овој научник, прескокнувањето на појадокот може да се смета за одличен начин на брзо губење килограми.
„Разбирам дека прескокнувањето на појадокот е целосно спротивно на сето тоа што го знаете за здравата исхрана, но новите податоци нè принудуваат сериозно да размислиме дали да се откажеме од првиот утрински оброк. Секако, ова се однесува на здрави луѓе. Луѓето кои имаат проблем со дијабетес или хипогликемија, не смеат да прескокнуваат оброци за да го одржат нивото на глукоза“, открил Левитски.
Светската здравствена организација и понатаму тврди дека појадокот е најважниот оброк во текот на денот и луѓето кои редовно појадуваат имаат редовен метаболизам и немаат проблем со вишокот килограми. Односно, појадокот го забрзува метаболизмот. Меѓутоа, и тие се согласуваат дека претерано богатиот појадок може да доведе до дебелеење. Но нормалното внесување калории и малите оброци повеќе пати дневно можат само да им помогнат на луѓето со прекумерна тежина да ослабат.
Еве што никако не смеете да јадете, според препораките на Светската здравствена организација:
Колбаси
Колбасите се вкусен, но не и здрав производ. Во нив има најмалку месо, а најмногу конзерванси и засилувачи на вкусот кои знаат да предизвикаат и рак на хранопроводот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа