Прага: Хулигани ги нападнаа навивачите на Вест Хем

Немили сцени ни доаѓаат од главниот град на Чешка, Прага. Вечерва на „Фортуна Арена“ ќе се одигра финалето од Конференциската лига помеѓу Вест Хем и Фиорентина, а навивачите на двата тима се судрија низ прашките улици, создавајќи голем хаос, пишува ГОЛ.

Според информациите од локалните медиуми, досега приведени се петнаесет лица, а околу триесет лица побарале лекарска помош.

Инцидентот започнал откако навивачи на Фиорентина кои биле облечени во црно и носеле „фантомки“ на главите, влетале во еден бар каде седеле фановите на „чеканите“ од Лондон.

07.06.2023 - 19:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега