Пратеникот „рекордер во патни трошоци“ ги отфрла обвинувањата: Трошам 3.000 денари за патување до Скопје, Собранието ми исплаќа 4.500
Пратеникот Петар Ристески од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето во емисијата „Здраво Македонијо“ ги отфрли обвинувањата од неговите колеги за високите патни трошоци.
Ристески беше обвинет дека во 2024 година земал 14.300 евра, па многумина го нарекуваат рекордер по исплатени патни трошоци.
„Доаѓам од Прилеп, град кој е најмногу оддалечен од Скопје. Трошам околу 3.000 денари за едно патување до Скопје, а Собранието ми исплаќа околу 4.500 во зависност од цената на горивото. Нема да бегам, ниту да се правдам, затоа што не сум злоупотребил ниту еден денар. Возам автомобил кој го купив за 35.000 евра, а сега не можам да го продадам ниту за 15.000“, изјави Ристески.
Патните трошоци се исплаќаат согласно закон.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа