Правила за новогодишната рпеза: Ова јадење никако не го подготвувајте, носи несреќа
Поставувањето богата новогодишна трпеза нема за цел само да нè најаде, туку секое јадење треба да биде внимателно одбрано, бидејќи со себе носи одредена симболика за среќа, напредок и благосостојба.
Покрај традиционалните руска салата, свинско печење, зелка салата и торта, на трпезата своето место би требало да го најдат и рибата и грозјето, а еве и зошто:
Грозје
Грозјето е пред сè симбол на здравје и сила, па се препорачува по полноќ да изедете точно 12 зрна грозје, за секој месец по едно, за да бидете здрави секој месец во текот на претстојната година.
Риба
Со оглед на тоа што за време на новогодишната ноќ трае божиќниот пост, и рибата би требало да се најде на вашата трпеза. Покрај тоа, таа симболизира непречено движење, движење без препреки, па ви навестува лесна година, во која сите планови ќе „пливаат“.
Свинско месо
Зелка салата
Поради својата зелена боја, симболизира хармонија со природата и добра среќа, како и долговечност.
Торта
Поради самиот свој состав со многу шеќер, тортата е симбол на сласта. Обидете се тортата да ви биде од што побогати состојки за во претстојната да имате што повеќе сласти.
Заборавете на пилешкото месо
Она што никако не се препорачува на новогодишната трпеза е месо од перјести животни, бидејќи тие имаат крилја, па симболизираат среќа што одлетува.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа