Пред да ставите мокра облека покрај радијаторот мора да го знаете ова - зошто е опасно да е суши во затворено
Зимата е во полн ек, а со доаѓањето на студените денови повеќето луѓе облеката ја сушат во затворен простор во куќа ил стан. Многу граѓани пак сушниците ги заменуваат со радијатори или печки за гареробата да се исуши и да биде подготвена за пеглање и пакување на ормарите.
Со оглед на тие лоши навики лекарите предупредуваат дека сушењето на облека во затворен простор не е добро ни за просторот, но ни за здравјето на домашите. Првата причина е затоа што ефикасноста на радијаторите или некое друго грејно тело во станот се намалува и не може добро да грее, а освен тоа се подига нивото на влага за дури 30 отсто. Со самото тоа вдишувањето на таа влага како хемикалијата од детергент и омекнувач е лоша за белите дробови.
Лекарите наведуваат дека оптималната реативна влажност на воздухот кој го вдишуваме треба да биде меѓу 45 и 60 отсто, а дека надвор од тие граници се вклучува адаптациски механизам кој има свои граници.
Преголемата влажност на вдишениот воздух доведува до промени во нашиот организам во смисла се намалува концетрацијата, поспаноста, промената на расположение, но и се подига развојот на причинителите на болести на дишниот состав кои се рзмножуваат во влажна средина, како што се габички, влага, мувла и слично.
Освен тоа, влагата која излегува надвор од мократа облека кондензира на студени површии како ѕидови и се создава идеална подлога за развој на бактерии кои се посебно лоши за астматичарите и алергичните лица.
Тегоби кои може да се јават од сушење на облека во затворен просрот се отежнато дишење, крчење при дишење, слабост.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа