Пред несреќата кај Лариса, шефот на станицата погрешно пренасочил уште еден воз


Шефот на железничката станица во Лариса неколку часа пред неодамнешниот судир на два воза во Грција, во кој загинаа 57 лица, го пренасочил и приградскиот воз во Лариса на погрешна патека, објави денеска грчката телевизија „Скај“. Машиновозачот на приградскиот воз го сфатил тоа и укажал на грешката, по што го прашал главниот на станицата дали е се во ред, но не добил одговор.

Шефот на станицата се соочува со тешки обвинувања за нарушување во сообраќајот и за тоа дело, му прети затворска казна од десет години до доживотен затвор. Тој исто така се соочува со обвиненија за повеќекратно убиство од небрежност, но и со обвиненија за предизвикување телесни повреди.

Според обвинението, пропустите се сериозни, не само поради грешката што го пренасочил возот во погрешна насока, туку како што се наведува тој можел да го види возот кога погрешно свртил, но не ја исправил погрешил и да ја поправи својата кобна одлука.

04.03.2023 - 21:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега