Предмети кои го блокираат протокот на позитивна енергија: Ова никако не треба да го чувате во ходникот
Според фенг шуи, одредени работи можат да привлечат позитивна, но и негативна енергија, па затоа е важно да водите грижа за распоредот на нештата во домот.
Претсобјето, односно самиот влез во нашиот стан или куќа, е многу важен дел од домот и постојат работи кои имаат големо негативно влијание ако ги чувате токму тука - а повеќето го прават тоа.
Во претсобјето најчесто ги (с)облекуваме обувките, а купот чевли или било кој друг „хаос“ во оваа просторија е лош за протокот на енергија. Чевлите кои не ги носите, ставете ги во плакар или на некое друго место.
Истото важи и за чантите, торбите и ранците кои само го гушат овој простор. Исто така, претсобјето би требало да биде обоено во неутрална боја.
Ако имате огледало во претсобјето, тоа не смее да се наоѓа на ѕидот спротивно од влезната врата туку на некој од бочните ѕидови.
Во оваа просторија не треба да се чуваат ни остри предмети, како ни суво цвеќе кое според фенг шуи е многу лошо. Најдобро би било да поставите вазна со свежо цвеќе или чинија со овошје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа