Предновогодишен хаос во Русија: Во пожар загинаа три лица

 

Три лица, меѓу кои две деца загинаа во пожар во куќа во Калач-он-Дон, во регионот на Волгоград, а уште едно дете е повредено, соопшти прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации за регионот на Волгоград

Починале деца на возраст од една година и 16 години, пренесува „РИА Новости“.

Повреденото дете е хоспитализирано во тешка состојба.

Во куќата имало и маж и уште едно дете, кои не се повредени.

Според првичните податоци, причина за пожарот е дефект на електричните инсталации.

29.12.2023 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега