Предупредувачки знаци дека вашето срце не работи како што треба: Обрнете внимание, не игнорирајте

 

Многу луѓе годишно умираат како последица на проблеми со срцето. И мажите и жените се изложени на ризик поради разни причини поврзани со одреден животен стил. Сепак, постојат многу знаци и предупредувања кои ќе ви помогнат навреме да откриете ако нешто не е во ред со вашето срце. Овие 8 знаци се едни од најчестите и ако ги забележите важно е да им обрнете внимание.

1. Болка во раката

8 предупредувачки знаци дека вашето срце на работи како што треба

Многу мажи чувствуваат болка во левата рака, додека кај жените болката се јавува и во двете раце. Многу жени изјавиле дека чувствувале необична болка во лакотот пред да имаат инфаркт. Ова се случува бидејќи болката од срцето патува до ‘рбетот каде што се поврзани многу нерви од телото. Тогаш мозокот се „буни“ и мисли дека болката е во раката дури и кога тоа не е вистина.

2. Постојано кашлање

8 предупредувачки знаци дека вашето срце на работи како што треба

Кашлањето може да биде предизвикано од многу работи, но може да биде и знак за кардиоваскуларно заболување. Постојаното кашлање придружено со течност што содржи крв е многу често кај луѓето со проблеми со срцето. Кашлањето може да биде симптом на нешто посериозно, односно диспнеа и губење на воздухот.

3. Потечени нозе, зглобови и стапала

Кога срцето не ја пумпа крвта како што треба, течноста од вашите крвни садови протекува во соседните ткива. Ова најчесто се случува во нозете и стапалата поради гравитацијата. Ова нарушување се нарекува периферен едем и може да се појави и кај многу луѓе кои немаат проблеми со срцето. Сепак, бидејќи е чест симптом на срцевите заболувања немојте да го игнорирате.

4. Губење апетит и гадење

8 предупредувачки знаци дека вашето срце на работи како што треба

Многу луѓе кои страдаат од проблеми со срцето го губат апетитот и им се гади дури и само по неколку залчиња храна. Причината е собирањето течности околу дробот и цревата кои ја попречуваат дигестијата. Овие симптоми често се придружени со болка во стомакот. Ако ги чувствувате сите наеднаш, веднаш посетете го вашиот лекар.

5. Екстремна и необична анксиозност

8 предупредувачки знаци дека вашето срце на работи како што треба

Неколку истражувања покажале дека луѓето кои страдаат од екстремна анксиозност порано во животот се посклони на срцеви заболувања. Анксиозноста може да биде предизвикана од стресен животен стил или разни нарушувања, како паника или фобии. Некои од ефектите на анксиозноста врз срцето се тахикардија, зголемен крвен притисок и забрзано чукање на срцето.

6. Губење свест

8 предупредувачки знаци дека вашето срце на работи како што треба

Вртоглавицата и губењето свест се многу чести кај луѓето што имаат проблеми со срцето. Кога срцето не ја пумпа крвта правилно, дотокот на крв е блокиран. Ако имате вртоглавици или често губите свест, веднаш посетете го вашиот лекар.

7. Бледа или сина нијанса на кожата

8 предупредувачки знаци дека вашето срце на работи како што треба

Овој симптом се појавува поретко и е предизвикан од намалениот доток на крв, намален број на црвени крвни клетки и може да биде знак дека срцето не ја пумпа крвта правилно. Најчесто причината за овој симптом е шок, а бледилото може да се појави на целото тело или само на еден дел. Сепак, немојте веднаш да паничите ако забележите дека сте побледи од вообичаено. Проверете дали страдате од шок или можеби анемија.

8. Осипи и необични дамки на кожата

8 предупредувачки знаци дека вашето срце на работи како што треба

Две одделни истражувања покажале дека егземата и херпес зостер се ризични фактори кај срцевите заболувања. Оние кои имале егзема имале 48% поголеми шанси да страдаат од висок крвен притисок и 29% поголеми шанси да имаат висок холестерол. Они кои имале херпес зостер имале 59% повеќе шанси да имаат инфаркт за разлика од луѓето без оваа болест.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.05.2021 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега