Предупредување: Алкохолот предизвикува 800.000 смртни случаи годишно во Европа
Светската здравствена организација (СЗО) повика на воведување јасни и видливи предупредувања на алкохолните пијалаци, слични на оние на кутиите со цигари, откако истражување покажа дека во Европа постои загрижувачки ниска свест за поврзаноста на алкохолот со ракот.
Иако алкохолот предизвикува 800.000 смртни случаи годишно во Европа, само 15% од испитаниците знаат дека го зголемува ризикот од рак на дојка, додека 39% се свесни за поврзаноста со ракот на дебелото црево, објави европската канцеларија на СЗО.
Организацијата предупредува дека раком е водечка причина за смрт поврзана со алкохолот во Европската унија, но јавната свест за овој ризик останува алармантно ниска.
Затоа, СЗО повикува владите да воведат пишани и визуелни предупредувања на алкохолните производи, кои би ги информирале потрошувачите за потенцијалните здравствени ризици. Во моментов, само три од 27 земји на ЕУ имаат вакви предупредувања.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа