Предупредување за жените: Зошто е многу важно да избегнувате „слатки ноќни грицки“
Тим експерти од Универзитетот во Калифорнија спроведоа студија, покажувајќи дека со намалување на желбата за „слатки ноќни грицки“, се намалува нивото на шеќер во крвта, а со тоа и процентот на пациенти со карцином на дојка.
Научниците воспоставија врска помеѓу нивото на гликоза и можноста за рак на дојка, предупредувајќи ги жените да јадат помалку навечер за да ја избегнат болеста.
Тие зедоа примерок од 2.000 жени, а резултатите од студијата беа објавени во списанието „Епидемиологија на рак“.
Во тек се понатамошни истражувања, пренесува Independent.co.uk.
17.05.2021 - 15:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа