Прегазен пешак во Валандово - со тешки повреди пренесен во болница


Вчера во 09.00 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Валандово, патничко возило „ауди“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(32) од село Пирава, валандовско, удрило во пешакот Д.С.(67) од Валандово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Здравствен дом - Валандово.

Увид на местото извршила екипа на ОВР Валандово.

12.09.2024 - 12:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега