Премиерот на Гренланд: Не сме Американци, ниту Данци, островот не е на продажба
Премиерот на Гренланд, Муте Егеде, денеска изјави дека Гренланѓаните не сакаат да бидат ниту Данци, ниту Американци, туку дека сакаат сами да ја одредат својата иднина.
Тој ова го изјави откако американскиот претседател Доналд Трамп за време на неговото обраќање во Конгресот во вторникот повторно го изрази својот интерес за оваа данска територија. „Ние не сме Американци, не сме Данци, затоа што сме Гренланѓани. Ова е она што Американците и нивните лидери треба да го разберат“, рече Егеде во објавата на Фејсбук.
Тој рече дека Гренланд не е на продажба и дека иднината на островот ќе ја одредат неговите жители, пренесува Гардијан. Општите избори ќе се одржат на Гренланд следната недела, на 11 март.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа