Пресек во Велес до 9 часот: Гласале 6 проценти од граѓаните и за претседател, и за пратеници

Во Велес и Велешко на сите 84 избирачки места до 9 часот на гласање во вториот круг за избор на претседател од запишани 44 858 на Единствениот избирачки список до 9 часот гласале 2 794 граѓани, односно 6,36 проценти.

На Единствениот избирачки список од запишани 44 954 за избор на пратеници во Парламентот до 9 часот гласале нешто помалку односно 2763 или 6,29 проценти, информира за МИА Ребека Бајдевска Ѓошева член на ОИК Велес.

На сите избирачки места гласањето се одвива според сите избирачки правила и во најдобар ред и од ОИК Велес информираат дека се во постојан контакт со избирачките одбори и ја следат нивната работа околу регуларноста и текот на изборите

08.05.2024 - 10:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега