Пресуда „Тврдина“: Јанкуловска ослободена, на Мијалков му застаре делото, затвор за Грујевски, Бошковски и Јакимовски
Во Кривичниот суд денеска се објави пресудата за „Тврдина“.
Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска е ослободена за уништувањето на системите за следење во случајот „Тврдина“, додека на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков му застаре делото.
За виновни се прогласени поранешните разузнавачи во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошкоски кои избегаа од Македонија во Грција, поранешниот шеф шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски и Валентина Симоновска за уништувањето на системите со кои се прислушуваа илјадници граѓани, стопанственици, политичари и новинари.
Груевски за три кривични дела е осуден на 14 години и шест месеци затворска казна, Јакимовски за две кривични дела е осуден на три години затвор, Бошкоски е осуден на девет години и десет месеци, а Валентина Симоновска доби условна казна.
„Тврдина“ беше дел од предметот “Таргет-Тврдина“, односно дел од предметот за масовното прислушување кој застаре со измените на Кривичниот законик изгласани во септември 2023 година. Судијата Трпков овие измени ги нарече упад во судството.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа