Пресврт во случајот со убиствата на Вања и Панче

 


Велешанецот Боре Видевски негира вина дека бил инволвиран во грабнувањето и убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски, пренесе 
Телма .

Во очекување на обвинението за случајот која ја потресе земјата, Видевски го сменил исказот, иако првично кога беше приведен заедно со другите осомничени Влатко Кешишов и Велибор Манев пред органите за прогон го тврдеше спротивното. Ова за Телма го потврдил неговиот адвокат Бојан Манев по денешната јавна седница во Врховниот каде се жалеа за притворот на Видевски.

„Обвинетиот во исказ пред јавното обвинителство целосно го негираше постоењето на двете кривични дела и на убиството на Панче Жежовски и на убиството на девојчето во Скопје и по направениот увид во јавното обвинителство ќе доставиме соодветни докази кои ќе го потврдат неговото тврдење “, истакнал Манев.

Видевски во највисокиот суд бараше да му се определи куќен притвор, бидејќи немало основи да биде држен во затворот во Шуто Оризари.

„При завршена истражна постапка овдека не може да стане збор дека обвинетиот би бегал од државава затоа што и нема пасош за да може да избега, а не може ниту да влијае на сведоци, ниту да попречува истрага, ниту пак да го повтори кривичното дело“, додал Манев.

Врховен суд ја одби жалбата со што Видевски останува во притвор.

29.05.2024 - 16:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега