Претрес во позната градежна фирма - големо бизнис име во полиција


Според наши извори денес се врши претрес во позната скопска градежна компанија.

Фокусот на овие полициски мерки била да се обезбеди документација од лажирани јавни тендери и лажни ИСО сертификати. Дали со ова веќе се праќа порака дека фокусот во борбата против криминалот ќе биде проширен на повеќе фронтови.

Според нашите извори јавните набавки ќе бидат една од најголемите битки кои ќе ги водат истражните органи, на тој начин гарантирајќи го транспаретното и одговорното трошење на народните пари. ИСО сертификатите претставуваат критериум за квалитет и безбедност во производството и услугите кои ги користат фирмите и граѓаните. Лажните ИСО сертификати не само што ја злоупотребуваат довербата на потрошувачите, туку исто така ги доведува во безбедносен ризик и опасност.

Градежната фирма се сомничи за против правна имотна корист од неколку милиони евра.

05.09.2024 - 17:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега