Претседателката на Словачка одбра елегантна сина комбинација за посетата во Македонија

 

Зузана Чапутова, претседателката на Словачка е во официјална посета на нашата држава. Таа беше пречекана од претседателот на нашата земја, Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести.

Во Вила Водно, претседателката Чапутова пристигна во елегантен стајлинг, кој вклучуваше фустан во кралска сина боја и бежови салонки.

 

Претседателот Пендаровски и претседателката Чапутова одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на двете делегации.

Во фокусот на разговорите се билатералните односи, словачките искуства од процесот во пристапување во ЕУ, сојузништвото во НАТО и безбедносните предизвици во регионот и Европа.

07.09.2022 - 17:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега