Претседателот Вучиќ бил прислушкуван повеќе од една година

 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека знае дека бил прислушуван, „дека работеле домашните, а надлежните органи ќе утврдат дали се поврзани со странци“, истакнувајќи дека прислушувањето на претседателот е директен обид за државен удар, пренесува Н1.

„Има само една мета, тоа е Александар Вучиќ и сите што се осмелуваат јавно да го поддржат“, рече Вучиќ за ТВ Пинк и посочи дека од 2014 година трае кампања во која од неговото семејство се обидува да се направи копија на семејството на Слободан Милошевиќ.

„Сето тоа е засновано на апсолутни лаги - тие почнаа со приказни дека мојот брат е сопственик на ресторанот Франш, дека поседува хектари земја во Војводина, а потоа почнаа со постариот син“, потсети тој.

„Срцето ме боли за она што им го направив на Данило и Милица, што се занимавам со политика, што станаа мета на службите“, рече Вучиќ, кој тврди дека неговиот син Данило го следеле луѓе од полицијата и го пријавувале во одредени служби.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.12.2020 - 15:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега