Претставникот на Трамп за Украина: Никој нема да му наметне мировен договор на Зеленски
Специјалниот претставник за Украина им се обрати на новинарите во седиштето на НАТО во Брисел.
Кит Келог инсистираше на тоа дека никој нема да му наметне мировен договор на Володимир Зеленски.
„САД ќе ги слушаат предлозите од сите“, најави Келог, додавајќи дека негова работа е да ги олесни безбедносните гаранции за Украина.
Во врска со неговото патување во Украина, тој објасни дека се договараат последните детали и потврди дека ќе се сретне со Зеленски.
Kелог пред два дена изјави дека Европа ќе биде консултирана, но на крајот исклучена од мировните преговори меѓу Русија, Украина и САД, што предизвика бројни реакции и незадоволство во Европската Унија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа