Причината за смртта на малата Јана и по речиси две недели останува мистерија, обвинителството уште го чека наодот

 

 

Обвинителството во Битола се уште го чека наодот од обдукцијата и извештај од Министерството за здравство за малата Јана, која почина во битолската болница. Причината за нејзината смрт е се уште нејасна и по речиси две недели.

Надлежниот јавен обвинител во Битола побара веднаш по изготвувањето да му биде доставен извештајот од стручниот надзор. Наодот од обдукцијата се уште не е пристигнат, а во меѓувреме се преземаат други дејствија на проверки.

Шестгодишното девојче почина на 22 март, по примена инфузија во болницата во Битола. Девојчето било донесено со температура и дехидрирано поради повраќање, па докторите му дале инфузија на детето по што му се влошила состојбата. Родителите ги обвинуваат лекарите за грешка при лекувањето.

03.04.2023 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега