Прифатена Програмата за еднакви можности предложена од Левица во Карпош
Програмата за еднакви можности во Општина Карпош за претстојната 2024 година под раководство на претседателката на комисијата и советничката од Левица – Ивана Петковска, координаторката на комисијата, како и со поддршка на други советници од советнички групи е креирана со фокус на жртвите на семејно насилство, велат од партијата Левица.
„Дури 75 % од сторителите на семејното насилство поминуваат неказниво, а поголемиот број на жртви не ја добиваат потребната помош од институциите. Во таа насока програмата е насочена кон превенција и советување за спречување на семејното насилство и помош за жртвите преку бесплатни психолошки советувања и психотерапии.
Во рамки на програмата е предвидено отворање на локална канцаларија за родителство каде што родителите со помош на стручни соработници психолози и психотерапевти ќе може да учат вештини за успешно родителство во прва етапа, а во втора етапа е предвидено да се даде акцент повторно на семејното насилство во контекст на целиот семеен систем“, соопштуваат од Левица.
„Унапредување на здравјето на жените и мажите е исто во фокусот на престојната програма во насока на превенција и навремено детектирање на женски и машки болести првенствено рак на дојка и простата.
Програмата содржи и други активности како соработка со ИТ секторот и спортски активности што дополнително ја збогатува нејзината содржина.
Со 15 гласа ЗА програмата е прифатена и очекуваме да биде реализирана во престојната 2024 година“, се додава во соопштението на Левица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа