Пријателите се простуваат од Кети: Сакаше да лекуваш луѓе но не можеше да ја завршиш мисијата
Студентката по медицина, Кети Милковска од Македонска Каменица е една од жртвите во големата трагедија во дискотеката Пулс во Кочани, во која загинаа 59 лица, а над 160 се повредени и се лекуваат во земјава, регионот и странство.
Нејзините најблиски веќе се збогуваат со неа по социјалните мрежи.
– Нашата убава девојка. Смеј се, само смеј се, а ние ќе го чуваме споменот за тебе, стои во објава на Фејсбук.
-Не успеа да исполниш сè што замисли. Сакаше да ги лекуваш луѓето и да им помогнеш, ја започна својата мисија, но не ја заврши. Се сеќаваме на вас и ќе те паметиме, стои во друга објава.
Денеска е предвиден погребот на сите починати во несреќата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа