Прилеп: Куче пред болницата два дена го чека својот сопственик кој имал мозочен удар

 

Куче чиј сопственик имал мозочен удар два дена стои пред болницата во Прилеп и чека. Корисниците на социјалните мрежи пишуваат дека кучето трчало по возилото на Брза Помош кое пред два дена во болница го донело неговиот сопственик кој имал мозочен удар. Од тогаш, тоа не се помрднува од пред вратата.
На социјалните мрежи се шири апел да му се помогне на кучето со вода и храна и ако може некој да го причува додека неговиот сопственик не биде подобар за да може сам да се грижи за него.

11.08.2023 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега