Прилепскиот музеј покренува проект за прилепчанецот Окјар, близок соработник на Ататурк и голем турски државник
Прилепскиот завод и музеј почнува обемен проект за оддавање почит на прилепчанецот Али Фети Окјар, кој станал истакнат државник на Република Турција и близок соработник на таткото на модерна Турција, Кемал Атататурк. Ова беше нагласено на денешната прес-конференција во Музејот, каде го најавија почетокот на проектот в понеделник со истакнати гости и блиски на големиот турски државник, роден прилепчанец. Музејот покренува иницијатива соодветно Окјар во Прилеп да добие спомен-соба или да биде именувана улица со неговото име.
Проектот е по повод 80 години од смртта на Али Фети Окјар, 85 години од смртта на Ататурк и 100 години од создавањето на Република Турција.
-Го најавуваме проектот, кој опфаќа истражување и изложба за прилепчанецот Али Фети Окјар. Роден во Прилеп и еден од првите, најблиски соработници на таткото на современа Турција, Кемал Ататурк. Цел живот се поддржуваат и низ сите активности и должности што ги извршуваат се и двајцата најважни личности, можеби, за создавањето на турската република, изјави Рубин Белчески, исторчар од Заводот и Музеј и носител на проектот.
Бил двапати премиер на Република Турција, петпати пратеник, но и претседател на турското Собрание, министер за внатрешни работи и за правда, амбасадор на Турција во Бугарија, Франција и во Велика Британија. Едноставно - близот соработник на таткото на современа Турција - Мустафа Кемал Ататаурк. Заедно ги биеле битките за создавањето на новата, современа држава. Окјар се родил во Прилеп во 1880 година. Со Кемал Ататаурк заедно учел во битолската Воена гимназија, а потоа и на Воената академија во Истанбул. Во родниот Прилеп за Окијар малку се знае, а нема траги во прилепскиот архив.
-Со самата изработка на проектот, имаме предвид дека може да покренеме иницијатива, во соработка со локалната самоуправа да отвориме спомен-соба на Окјар, како што има за Ататурк во Битола. Дали ќе биде или име на улица, ќе одлучуваме. И со поддршка на други институции да потсетиме за значењето на Али Фети Окјар за соработката и унапредување на и онака добрите односи со Република Турција. Тоа многу ќе значи за стопанската, културната соработка и за туризмот, воопшто. Проектот официјално почнува в понеделник. Инаку на 7 мај се навршуваат 80 години од смртта на Окјар. В понеделник од 18 часот во прилепската Градска библиотека „Борка Талески“ меѓу другите ќе бидат и амбасадорот на Турција во Македонија, конзулот, неговиот внук од син Али Фети Окјар, кој ќе пристигне од Истанбул. Ќе има и фото презентација на Окјар, изјави Белчески.
Академик Луан Старова во својата книга „Потрага по Елен Лајбовиц“ потврдува дека Фети Окјар е вујко на татко му по мајчина линија.
Историчарот Белчески смета дека Прилеп треба да му оддаде почит на својот славен жител.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа