Принц Хари и Вилијам планираат заедно да ја откријат статуата на Дијана
Браќата сè уште планираат да ја испочитуваат својата обврска да постават статуа на нивната мајка, принцезата Дијана, на денот кој би бил нејзин 60-ти роденден.
Врската на браќата е предмет на бројни шпекулации откако на 7 март беше емитувано интервјуто на војводата и војвотката од Сасекс кај Опра Винфри.
Сега британски медиуми цитираат неменуван извор кој тврди дека тие планираат да го скршат мразот пред повторно да бидат заедно во јавност на поставување статуа на принцезата Дајана на 1 јули 2021 година.
„И покрај сите нивни разлики, двајцата сè уште се целосно поврзани кога станува збор за зачувување на наследството на нивната мајка,“ рекол изворот за списанието „Ју-ес магазин“.
„Вистинска штета е што во вакви лоши односи влегуваат во ова бидејќи ќе биде многу емотивно. Тоа ќе биде чин со многу емоции.“
„Дијана не би сакала нејзините синови да бидат во оваа горка битка – а и Вилијам и Хари добро го знаат тоа,“ вели изворот.
Принцовите (38) и (36) првично ја нарачале статуата во 2017 година за да ја одбележат 20-годишнината од нејзината смрт и да оддадат почит на нејзиното позитивно влијание во Велика Британија и низ целиот свет.
Во август минатата година, тие објавија ретка заедничка изјава во која наведоа: Статуата ќе биде поставена во потонатата градина на палатата Кенсингтон на 1 јули 2021 година, по повод 60-от роденден на принцезата.
Според инсајдер од палатата, сите се надеваат дека ова ќе помогне да се залечат старите рани.
Со обзир на тоа што двајцата принцови се заплеткани во раздор што ќе ѝ го скршеше срцето на нивната мајка, се чини дека токму таа може повторно да ги обедини.
Дијана принцезата од Велс, принцот Вилијам и принцот Хари во 1993 година.
Макфакс
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа