Принцезата Кејт Милтон се врати во палатата

 

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, се врати дома по 14 дена поминати во болница поради сложената операција на абдоменот.

Кенсингтонската палата соопшти дека закрепнувањето одлично напредува.

„Принцот и принцезата од Велс би сакале да упатат голема благодарност до целиот тим во лондонската клиника, особено посветениот медицински персонал, за грижата што ѝ ја дадоа. Семејството е благодарно за добрите желби што пристигнаа од целиот свет“, се наведува во соопштението на палатата.

Од палатата не сакаат да откриваат никакви детали за операцијата, но познато е дека и принцот Вилијам зел отсуство за да се грижи за својата сопруга и да им се посвети на децата.

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, мораше да оди на операција на абдоменот. Палатата Кенсингтон објави дека операцијата била успешна и дека принцезата ќе остане во болница помеѓу 10 и 14 дена.

29.01.2024 - 15:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега