Принцот Хари и Опра домаќини на втората епизода на серијата за ментално здравје

 

Документарната серија за ментално здравје The Me You Can’t See, заеднички проект на војводата од Сасекс и Опра Винфри, дебитираше на „Епл ТВ-плус“ минатата недела.

Освен што ги слушнаа искуствата на голем број sвезди, како Лејди Гага, Глен Клоуз, НБА играчот Демар Дерозан и славниот готвач Рашад Армстед, принцот Хари и Опра понудија увид во своето сопствено патување за ментално здравје.

Принцот Хари откри некои некои трауми од детството и проблеми со дрога во младооста. Тој се отвори за најлошиот период од неговиот живот и за тоа како барал утеха во разни опијати. Говореше за траумата низ која поминувал по смртта на мајка му, принцезата Дајана, која загина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година.

Опра Винфри, со која заедно ја водат емисијата, рече дека сопругата Меган му помогнала да побара помош пред нешто повеќе од четири години кога спомените за смртта на мајка му почнале да се враќаат.

А сега, една недела од првата епизода, следниот виртуелен разговор треба да се емитува во петок на 28 мај. Новата епизода е насловена The Me You Can’t See: A Path Forward.

Макфакс

27.05.2021 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега