Принцот Хари призна дека се дрогирал поради смртта на неговата мајка
Принцот Хари повторно предизвика земјотрес во Бакингемската палата со емотивната исповед во документарецот за менталното здравје „The me you can’t see“ каде водителка е Опра Винфри.
Хари октри и зошто решил да го напушти кралското семејство и оти проблемите почнале по смртта на неговата мајка, принцезата Дајана во 1997 година.
-Сите приказни за тој настан веднаш беа прекинати. Главата ми беше во песок. Кога ќе ме прашаа како сум, ќе кажев добро. Никогаш не сум бил среќен или тажен, во ред. Тоа беше најлесниот одговор. Татко ми ни рече на мене и на Вилијам: Како што ми е мене, така ќе ви биде и на вас. Тоа нема смисла, само зашто сте претрпеле не значи дека вашите деца треба да страдаат, рече Хари.
Открива дека не сакал ниту да размислува за принцезата Дајана.
– Ако мислам на неа, тогаш се појавува факт дека не можам да ја вратам и тоа само ќе ме растажи. Која е поентата да размислувате за нешто тажно, што е поентата да размислувате за некој што сте го изгубиле и кој нема да се врати. Само што решив да не зборувам за тоа, изјавил Хари.
Хари го опишува периодот помеѓу 28 и 32 години како кошмар.
-Сакав да пијам, да се дрогирам и да правам други работи што ми помогнаа да чувствувам некои работи помалку. Пиев не затоа што уживав, туку затоа што се обидував да сокријам нешто, рече Хари, додавајќи дека во тоа време страдал од силни напади на вознемиреност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа