Природен лек за лицата со хипертензија: Се верува дека овој зеленчук го намалува крвниот притисок во рок од 24 часа

 

Постојат одредени намирници кои можат да го држат нивото на крвниот притисок под контрола. Доколку страдате од хипертензија или сакате да го сведете ризикот на минимум, внесете го овој зеленчук во исхраната.

Високиот крвен притисок познат и како хипертензија, претставува сериозен ризик за здравјето, а нутриционистите го нарекуваат и „тивок убиец“. Многумина не се ни свесни дека страдаат од покачен крвен притисок бидејќи оваа состојба речиси и да нема симптоми.

Единствениот и најсигурен начин да го одредите нивото на крвниот притисок е да посетите лекар. Доколку добиете дијагноза на хипертензија, вашиот доктор освен можното препишување лекови, ќе ви препорача да го промените и начинот на исхрана.

Промената на намирниците кои ги внесувате игра важна улога во регулирањето на овој здравствен проблем. Здравата исхрана богата со овошје и зеленчук е корисна од повеќе причини, а една група зеленчук е особено препорачлива кога е во прашање високиот крвен притисок.

Истражувањата покажуваат дека лиснатиот зелен зеленчук кој е богат со нитрати, може да го намали крвниот притисок за само 24 часа. Во овој случај најдобар избор се зелката, кељот, марулата, спанаќот, блитвата и морачот.

Зелениот лиснат зеленчук содржи малку калории и може да придонесе за одржување на здравата телесна тежина, што е исто така важно за намалување на крвниот притисок.

22.12.2021 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега