Пристигнаа резултати од обдукцијата: Познато од што починало момчето по кое трагаше цела Србија

Обдукцијата на телото на Јован Веселиновиќ од Ниш, утврди дека фаталните повреди забележани на неговото тело се резултат на пад од голема висина - од четвртиот или петтиот кат.

Да потсетиме, тинејџерот од Ниш исчезна без трага во средата вечерта, и од тогаш цела Србија го бара. Тој беше исклучително интелигентен и член на MENSE, откриваат неговите семејни пријатели.

Неговото тело беше пронајдено во Ниш во неделата околу 9.30 часот во дворот на зграда во изградба на улицата Бранко Крсмановиша во Ниш. Се претпоставува дека телото било таму неколку дена, но дека било невозможно да се забележи поради грмушките што се наоѓаат во близина на таа незавршена зграда.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.02.2021 - 17:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега