Пристигнува полна месечина во Лав: 16 февруари е важен датум – 4 знаци се на мета
Следниот важен астролошки период што доаѓа е полната месечина во огнениот знак Лав на 16 февруари
Како и секоја полна месечина, тоа е аспект кој е тежок за луѓето на психолошки план, па затоа треба да внимавате да не донесувате одлуки под притисок на емоциите.
Полната месечина во Лав носи подароци и за сите знаци бидејќи ни нуди можност да се ослободиме од опсесивните мисли, да создаваме нови проекти, но и да привлечеме сродна душа.
Овој аспект носи повеќе дружење и можни манифестации на јавни места. Бидејќи Месечината ќе фати аспекти со планетите од Водолија, тоа е можност да се ослободиме од работите кои не мачеа во претходниот период.
Полната месечина ќе биде најтешка за Лавовите, Скорпиите, Биковите и Водолиите.
ЛАВ – Ова е лична трансформација за вас. Ослободете се од негативните, минати мисли кои ве привлекле во минатото. Полната месечина ви носи промени на личен план, па ќе донесете одлуки кои ќе ви го променат животот во 2022 година.
БИК – Полната месечина ви носи семејни грижи и стрес околу станот. Тоа е нешто што се акумулирало со текот на времето и сега конечно ќе кулминира. Можно е да имате грижи за едниот родител и таквата енергија на Месечината нема да ве задоволи.
ВОДОЛИЈА – Оваа полна месечина ви носи промени во врската. Можна е криза во бракот или со деловното партнерство. Ова се промените кои беа неопходни, па партнерските односи ќе почнете да ги доживувате на сосема нов начин.
СКОРПИЈА – Полната месечина укажува на криза на работа. Ќе имате турбулентен период на работа и можеби ќе ви требаат промени кои ги чекате со месеци. Очекувајте дискусија со претпоставените бидејќи нема да можете да се разберете.
Искористете ја енергијата на полната Месечина во Лав за да ја вратите вашата самодоверба и да се чувствувате подобро во вашата кожа. Оваа креативна енергија може да ви помогне да ја привлечете вистинската личност во вашиот живот, затоа бидете мудри на 16-ти февруари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа