Приведен крадец со богат плен во Тетово: Крадел електрични тротинети и велосипед


Во Тетово вчера во 17:15 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода З.Џ.(23) од тетовско Желино, поради основи на сомнение дека е извршител на неколку кражби и тешки кражби во тетовското подрачје, пријавени во текот на минатиот и овој месец, при што биле украдени електрични тротинети, велосипеди и други предмети.

Од МВР денеска информираа дека при преглед кај него бил пронајден и одземен  остар предмет. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

13.09.2024 - 10:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега