Приведен криминалец баран со потерница
Денеска околу 13.15 часот на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во општина Аеродром, Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода П.Ќ.(52) од Скопје.
Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.
05.08.2024 - 15:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа