Проблеми од кои има главоболка: Меси не може да се всели во новата куќа на Ибица вредна 11 милиони евра
Еден од најдобрите светски фудбалери во историјата, аргентинскиот волшебник Лионел Меси не може да се всели во новата куќа за која плати 11 милиони евра.
Ѕвездата на ПСЖ, купи вила на Ибица вредна 11 милиони евра, но веднаш се соочи со неочекувани проблеми.
Капитенот на Аргентина купил имот на западниот брег на Ибица од швајцарскиот бизнисмен Филипе Амон, а според угледниот шпански весник „Periodico de Ibiza“, договорот за купопродажба бил финализиран на 3 февруари.
Но, како што тврди споменатиот весник, вилата има проблеми со легализацијата и се уште ја нема добиено потребната употребна дозвола.
Документ издаден од агенцијата за локална градска самоуправа со кој би се потврдило дека вилата е во оптимална состојба за живеење.
Проблемите со легализацијата се поврзани со доградбата на неколку соби во гаражата на имотот, кои се појавија пред купувањето на Меси, пишува весникот.
Адвокатот што го застапува седумкратниот добитник на „Златната топка“ сега е во разговори со претставници на локалната градска власт во обид да се реши проблемот со употребната дозвола за вилата.
Меси најверојатно ќе мора да ги урне просториите кои не биле дел од првичните планови во новоизградениот имот за да добие согласност за легализирање на имотот.
„Периодико де Ибица“ известува дека и покрај проблемите, Меси со семејството летово престојувал некое време во новиот дом на Ибица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа