Продолжува судската битка на Бритни Спирс

Пејачката која е во судски спор со татко ѝ, во средата извојува мала победа, кога ѝ беше дозволено да го прошири својот тим овластени финансиски застапници.

Бритни во судскиот процес со кој таа се бори татко ѝ да биде отстранет како нејзин единствен овластен финансиски застапник (старател), извојува мала победа откако ѝ беше прифатено барањето да го зголеми тимот законски старатели. Оваа работа Џејми Спирс ја извршува во последните 12 години откако пејачката доживеа нервен слом.

Бритни не се појави на последното сослушување во судот, каде што беа присутни мајка ѝ Лин Спирс, татко ѝ и нејзиниот адвокат, бидејќи сама се пријави на клиника за психичко закрепнување каде што ќе престојува еден месец и поради тоа ги откажа настапите во Лас Вегас.

На нејзиното барање да се прошири тимот, реагираше Џејми со објаснување дека тоа ќе значи зголемени финансиски трошоци.

Во 2019 година Џејми Спирс стана нејзин единствен финансиски застапник откако партнерот Ендру Волет се повлече од функцијата. Од движењето #FreeBritney водено од обожаватели што ја поддржуваат пејачката, велат дека долги години таа е во заробеништво со одлуката да не може сама да располага со своето богатство, а татко ѝ е нејзиниот поробувач. Обожавателите освен што на секое судење се собираат пред судот и ѝ ја искажуваат својата поддршка, постојано објавуваат пораки на социјалните мрежи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.10.2020 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега