Продолжуваме со унапредување на антикорупциската правна рамка, порача Лога

 

 

Министерот Кренар Лога во рамките на двете сесии од денешниот форум ја поздрави заложбата на ЕУ за вклучување на земјите кандидати во својот извештај за владеење на правото како инструмент за рана детекција или превенција на проблемите со владеењето на правото. Ваквиот чекор на ЕУ претставува воспоставување еднаква основа со земјите членки во поглед на следењето на тековните реформи и ќе биде од особено значење во процесот на забрзана интеграција, што дополнително ќе ни помогне при идентификување на состојбите во областа во која ќе бидат потребни подобрувања.

Се осврна и на клучниот елемент на континуираното усогласување на правната рамка со законодавството на ЕУ за која Република Северна Македонија во областа на правосудството бележи исклучителен напредок за што сепак од одлучувачка природа ќе биде нивната имплементацијата идниот период. Фокусот во наредниот период ќе биде ставен на донесување на новата развојна стратегија за правосудниот систем (2023 – 2027) и спроведување на активностите од нејзиниот акциски план.

Во однос на регионалниот проект за набљудување на судските процеси – борба против организираниот криминал и корупцијата во Западен Балкан, истакна дека извештајот со понудените препораки и мерки ќе придонесе кон зајакнување на функционалноста и ефикасноста на правосудниот систем и ефикасната борба против организираниот криминал и корупцијата. Продолжуваме со натамошно унапредување на антикорупциската правна рамка, која ги следи европските и меѓународните стандарди. Министерот Лога изрази задоволство што ЕК ја прифати иницијативата на Северна Македонија и Република Албанија досегашното следење на предметите преку ексел-табели да го замени со нов софистициран систем – е-платформа за собирање податоци за корупција и организиран криминал.

Од почетокот на руската агресивна војна против Украина, многубројни извештаи, за жал, укажуваат дека се извршени и се вршат злосторства против човештвото и воени злосторства. Меѓународното хуманитарно право мора да се почитува и сите одговорни за воените злосторства треба да одговараат за своите постапки и да бидат изведени пред лицето на правдата.

Да го вратиме мирот преку соработка, солидарност и почитување на човековите права и владеењето на правото. Најважни се нашата безбедност и просперитетот, кои се тесно поврзани и не може да опстојат доколку не се во меѓусебна корелација, беше истакнато.

27.10.2023 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега