Проф. Давитковски: Владата да и ги земе ингеренциите на Арсовска и ќе заврши проблемот со блокадите во Скопје

Борче Давитковски, професор по управно право за „Слободен печат“ изјавил дека решението за проблемот што го снајде Скопје со блокадите на приватните превозници е Владата да ѝ ги одземе ингеренциите на скопската градоначалнилчка Данела Арсовска во областа на јавниот превоз.

Дополнува дека тоа е неопходно да го направи со цел да ги склучи потребните договори во дејноста и да ги исплати заостанатите пари на превозниците.

– Така ќе завршат блокадите. Но, гледаме дека немаат намера да ги одземат ингеренциите на Арсовска, нема волја за нешто такво, туку власта на СДСМ го користи проблемот за да го обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека го создал и така да собира поени. Според мене, овој хаос тешко ќе се надмине. Таков ни е Законот за локална самоуправа, според кој, избран градоначалник никој не може да го смени. Кај нас пратениците и градоначалниците се неотповикливи и тоа е грешка во законите. Можат да заминат од функциите ако сами си дадаат оставка, изјави Давитковски за „Слободен печат“.

06.12.2022 - 15:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега