Проф. Јовев за разрешувањето: Се најдоа некои нерегуларности дека немаме дозвола да дежураме, но тоа е грешка во законот
Професорот д-р Сашко Јовев вечерва е гостин во дебатниот магазин „Click Plus“ каде разговаравме околу неговото разрешување од директорската функција на државната кардиохирургија.
Тој вели дека се се случило на еден прекрасен ден каде се отворала нова хибридна сала, каде што истиот ден пристигнала Комисија за стручен надзор.
Според него, истата била неколку дена кај нив и „прочешлала“ се.
„Се најдоа некои нерегуларности во смисол на тоа дека немаме дозвола да дежурање на докторите и директорите за минатата година, но тоа е грешка во законот за здравствена заштита. Тоа не е грешка во смисла на министерот“, вели Јовев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа