Професорите од УКИМ ќе добијат освежување на сметките - за 22% поголеми плати од месецов

„Денеска конечно заврши на одисејата која ја имаа 3200 вработени на универзитетот Св. Кирил и Методиј. На владина седница помина одлуката со која сите вработени на УКИМ согласно колективниот договор добиваат поголеми плати.

Одлуката беше заглавена во министерството за труд и социјална политика и доаѓањето на техничкиот министер Ѓоко Велковски започна легалистичкиот процес за решавање на проблемот.  На ова претходеше средба со ректорот на УКИМ,  Биљана Ангелова и нејзиниот тим, и со претставници на синдикатот, при што се најде решение за признавање на поединечниот колективен договор на УКИМ, а со тоа и зголемување на нивните плати“, информираат од МТСП. 

Изминатава беа повикани и ресорните министерства, за образование и наука и Министерството за финансии да изнајдат брзо решение за признавање на колективниот договор.

Зошто до сега не било најдено решение во министерството од претходниците за овој проблем останува енигма, велат надлежните. 

27.02.2024 - 16:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега