Пронајдено телото на рударот кој падна во јама длабока 600 метри во Врање

Телото на рударот Славиша Цветковиќ (73), кој загина во рудникот Грот кај Врање, е пронајдено .

Основното јавно обвинителство Врање нареди обдукција. Се очекува и извештајот од рударската инспекција.

Рударот загина при пробивање на ограничувачот во една од јамите, на длабочина од неколку стотици метри.

Во моментот на несреќата тој управувал работна машина.

Инаку, во последните неколку години, на почетокот на есента, во рудникот Грот се случија неколку несреќи со смртен исход.

06.09.2024 - 10:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега