Протести ширум светот по смртта на Навални: „Путин убиец“
Смртта на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални ја потврди и неговата портпаролка Кира Јармиш, преку мајката на Навални, Људмила, која отпатувала во затворот во Сибир каде тој ја отслужуваше казната.
Во центарот на Москва луѓето полагаа цвеќе пред споменикот посветен на жртвите на политичка репресија, а медиумите споделуваат видеа од апсења, што според информациите досега се уапсени стотина лица.
Поддржувачи на на најголемиот руски опозициски лидер се собраа пред руските амбасади и на други локации во поголемите градови низ светот, вклучувајќи ги Лондон, Париз, Женева и Њујорк.
Освен веста на руската федерална служба за исполнување на санкциите, официјална Москва молчи. Путин се уште не проговорил јавно за смртта на Навални но денеска излезе со честитка за 31 годишнината од основањето на Газпром.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа