Проверете дали добивте стипендија од МОН

Министерството за образование и наука објави резултати од Конкурсот за доделување стипендии за студии од втор циклус во земјава за академската 2023/2024 година, објавен во декември минатата година.

На веб-страницата на МОН се достапни листите со прифатени кандидати што ги исполнуваат условите во областа на општествените науки и во областа на техничко-технолошките и природно-математичките науки. 

-Сите кандидати ќе добијат решение, а одбиените ќе имаат можност за поднесување жалба од денот на добивање на решението од страна на Министерството за образование и наука во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена. Кандидатите кои се прифатени дополнително ќе бидат известени за потпишување договор, објави МОН. 

07.06.2024 - 17:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега