Прв конгрес на ЗНАМ, официјализирана претседателската кандидатура на Максим Димитриевски

На првиот Конгрес на политичката партија Движење ЗНАМ - За наша Македонија што се одржа вечерва во Скопје е официјализирана претседателската кандидатура на Максим Димитриевски.

Димитриевски во својот говор истакна дека доколку биде избран за шеф на државата, ќе се заложи да се одредат црвените линии од кои нема отстапување.

-Политиките кои ќе се спроведуваат доколку граѓаните ни ја дадат довербата, ќе имаме модерна европска и силна држава Македонија. Силна економија и институции, владеење на правото, здравство за сите, доколку ова го оствариме ние ја имаме Европа дома, порача Димитриевски, кој пред присутните се заблагодари за довербата да влезе во трката за претседател на државата.

Прашан за коментар за предлогот претседателот на државата  да се избира во Собрание, Димитриевски оцени дека тоа ќе значи намалување на капацитетот на државата и институциите.

-Ќе го намалиме капацитетот на државата и институциите на државата кои на граѓанинот можат да му гарантираат дополнителна сигурност, рече тој.

Одговарајќи на новинарско прашање дали тој би ги прифатил условите на политичките партии на Албанците што ги поставуваат пред изборите, Димитриевски нагласи дека тој по принцип е човек кој не прифаќа услови и потенцира дека ги сфаќа како предизборен политички маркетинг на албанските политички субјекти.

 

22.02.2024 - 22:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега