Прва снимка по експлозијата во Косовска Митровица: две лица повредени, се води истрага

Две лица се повредени синоќа во Косовска Митровица откако рачна бомба експлодирала нешто пред полноќ на улицата „Кнез Милош“, во непосредна близина на мотелот „Бишевац“.

Како што потврди заменик командирот на полицијата за северниот регион, Ветон Елшани, повредени се две лица, а оштетени се и неколку автомобили.

Елшани за Танјуг потврди дека околу 23.50 часот во близина на мотелот Бишевац експлодирала рачна бомба и додал дека две лица се повредени, од кои едно потешко.

Дежурниот хирург во КБЦ Косовска Митровица, Бојан Вучиниќ, изјави дека синоќа околу полноќ бил примен маж со повеќе повреди предизвикани од експлозивна направа.

„Околу 23:50 часот се случи експлозија во Северна Митровица. Две лица се повредени. Ќе видиме зошто дошло до експлозијата, истрагата е во тек“, рече Елшани.

16.01.2024 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега