Први фотографии од актерката после промената на полот: „Рани на телото, насмевка на лицето“

 

Елиот Пејџ е роден во 1987-ма година како Елен Пејџ, а се прослави со улогата во филмот „Hard Candy“. Исто така глумел и со Леонардо Ди Каприо во прочуениот филм на Кристофер Нолан, „Inception“.

Кога минатиот месец зборувал со Опра Винфри, Елиот Пејџ рекол дека операцијата му донела пријатно чувство и дека конечно, по првпат се чувствува пријатно во своето тело.

Елиот за време на градењето на својата кариера сфатил дека е трансродово лице, па бил подложен на промена на полот, а неодамна ги отстранил двете дојки.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @elliotpage

На социјалните мрежи објавил фотографија без маица, прва после операцијата, која собрала повеќе од 2 милиони допаѓања, а може да се види и дека сега е многу среќен и дека не ја трга насмевката од лицето.

На градите се гледаат две рани од операцијата.

Неговата промена ја поддржале многу ѕвезди, како што се Џастин Корнвел, Мајли Сајрус, Џулијан Мур, а не се плашеле својата поддршка да му ја пружат јавно.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @elliotpage

26.05.2021 - 17:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега